Вила Ксениа – Будва

Будва претставува центар на туризмот во Црна Гора и едно од најатрактивните летувалишта на брегот на Јадранот. Претставува спој на историја, култура, традиција. Во Будва најголем впечаток кај посетителите остава секако Стариот Град и прекрасните плажи Могрен и Словенска плажа. Будва е активна преку цел ден, има огромен број на дискотеки, ресторани, кафулиња, пицерии и маркети со што им нуди на туристите незаборавен одмор. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот, а исто во нашата понуда ќе имаме и организирани крстарења со бродчиња до најпознатата плажа ПЛОЧЕ.

ВИЛА КСЕНИА – се наоѓа на 10 метри од Јадранска магистрала во централниот дел од Будва. Има одлична локација и од плажа е некаде на околу 130 метри. Патниците се спуштаат преку патека која поминува низ Комплексот Словенска плажа и се веднаш на сама плажа. Вилата располага со апартмани со кујна и двокреветни студија без кујна, сите опремени со тв, клима (без доплата), балкон, сопствено купатило, пешкири и мини фрижидер. Во непосредна близина на вилата има маркет.
 
ЦЕНОВНИК:
ЦЕНИТЕ се со вклучен попуст до 31.05.2022
• ЦЕНАТА Е ДАДЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
• ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА 1ЕУ=62 МКД
ТЕРМИН
НОЌЕВАЊА Апартмани 1/3 и 1/4 1/2 студио
15.07-22.07.2022 7 ноќи 225 еу по лице 215 еу по лице
22.07-29.07.2022 7 ноќи 225 еу по лице 215 еу по лице
29.07-05.08.2022 7 ноќи 225 еу по лице 215 еу по лице
05.08-12.08.2022 7 ноќи 225 еу по лице 215 еу по лице
12.08-19.08.2022 7 ноќи 225 еу по лице 215 еу по лице

• ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ СО ПОАЃАЊЕ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА
• Поаѓањето од Битола во 02:00 часот – Спортска Сала.
• Поаѓање од Прилеп во 01:15 часот- Салида.
• Поаѓање од Ресен 02:30 часот – Автобуска.
• Поаѓање од Охрид 03:15 часот – бензинска Окта.
• Поаѓање од Струга 03:30 часот – пред Нептун (кружен тек).
• Скопје – Велес – трансфер до Прилеп + 10 еу по лице (инфо 2 дена пред поаѓање)
• Сместување во собите во 13 часот.
• Одјавување во 09 часот.


Напомена!!!
• Дете до 2 години – бесплатно (не користи легло)
• Прво дете до 12 со двајца возрасни користи легло плаќа 70% од цената на аранжманот
• Второ дете до 12 со двајца возрасни користи легло плаќа 50% од цената на аранжманот
• За деца со полни 12 години се плаќа целосна сума.

• ЦЕНАТА Е ДАДЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
• За сопствен превоз одобруваме – 20 еу од вкупната сума на аранжманот.
• Цена само за превоз 3410 денари по лице за повратна карта, 1700 еден правец.
• Туристичка такса 1 еу по ден по лице се плаќа задолжително во агенција.

• За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош или лична карта, се патува преку граничен премин Ќафасан.
• Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
• Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 10 евра за два правци и право на избор на седиште.
• Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
• Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
• Важат Општите услови на патување

Галерија